Top Sport

УФЦ: Ортега го „суреди“ Едгар во првата рунда (видео)

Брајан Ортега, специјалистот по џиу-џицу од Калифорнија, беше совршена замена за шампионот во перо категорија Макс Холовеј, откако успеа да го нокаутира поранешниот шампион Френки Едгар во УФЦ222 во Лас Вегас.

Со победата Ортега стана првиот фајтер кој успеал да го нокаутира поранешниот УФЦ шампион во лесна категорија, откако фантастичниот удар со лакт го заврши мечот.

„Знаев дека вака може да се случи во моите соништа. Беше чест да се подели октагонот со легенда како Френки“, изјави Ортега (14-0).

Едгар имаше подобар старт во првата половина од рундата, но кога Ортега дојде поблиску, прво го „здрма“ противникот со левиот лакт, по што со два десни аперкати го заврши мечот. Ортега сега има шест победи во низа, и тоа сите шест со нокаути.


Scroll to Top