Ветеранот Алистер Оверим покажа дека уште е кандидат за УФЦ титулата во тешка категорија, откако и покрај репутацијата дека е „удираче“, со борење и на земја го реши мечот со Аугусто Сакаи со технички нокаут во петтата рунда во главниот меч на УФЦ Фајт најт во Лас Вегас на само 26 секунди во последната рунда.
40-годишниот Оверим, кој е поранешен К-1 кикбокс шампион и е познат по својата сила во рацете, во својот 66. меч од кариерата успеа да покаже дека има и квалитети кои досега не сме ги знаеле.
„Бев фокусиран на предавање. Но, видов дека можам да му направам штета и на земја и потоа бев подготвен за победа“, изјави Оверим по мечот.
Оверим (47-1-18) има репутација на еден од најдобрите тешкаши во историјата, со победи над поранешните УФЦ шампиони Фабрисио Вердум, Брок Леснар, Андреј Арловски, Жуниор дос Сантош, Френк Мир и Виктор Белфорт.
FOUR DECADES IN THE GAME.@AlistairOvereem isn’t afraid of some deep water ? #UFCVegas9 pic.twitter.com/Nk0uRnqKsm
— UFC (@ufc) September 6, 2020