Top Sport

УФЦ: Пимблет продолжи со победничката серија со контроверзна одлука

Британската УФЦ ѕвезда, Педи Пимблет остана непоразен во октагонот, откако на УФЦ 282 доби контроверзна победа на поени над Џеред Гордон, која предизвика многу реакции во Лас Вегас.

Гордон беше подобриот фајтер во првата рунда, со серија удари во главата на Пимблет, и потоа ја заврши рундата на подот во доминантна позиција. Во втората рунда, Пимблет врати со серија удари со нозете, а исто така се обиде да го собори противникот, завршувајќи ја рундата со низа удари. Во третата рунда, повторно Гордон беше во подобра позиција, но судиите го решија победникот со 29:28, 29:28, 29:28 скор.

27-годишниот Пимблет сега има 4-0 скор во УФЦ, со победи над Луиџи Вендрамини, Родриго Варгас, Џордан Ливит и Гордон.

Scroll to Top