Top Sport

УФЦ: Родригез со сензационален нокаут во последната секунда (видео)

УФЦ ѕвездата Јаир Родригез го имаше еден од најсензационалните нокаути во историјата на ММА борбите, откако го прати на подот Чен Сунг Џунг на подот со удар со лакт на една секунда пред крајот на мечот.

26-годишниот Родригез упати ретко виден удар со лактот на 4:59 во петтата рунда на УФЦ Фајт Најт 139 во Денвер, по што корејскиот противник заврши во нокаут, откако водеше кај тројцата судии пред бруталниот крај.

Со оваа победа, Мексиканецот Родригез има 11-2 скор.

Scroll to Top