Top Sport

Хаос во Џенова по поразот од Наполи, Јуриќ пред трет отказ?

Клубот на македонскиот капитен Горан Пандев, Џенова повторно се наоѓа во хаотична ситуација, откако навивачите со безмилосен банер го нападнаа претседателот Енрико Прециози, а хрватскиот тренер Иван Јуриќ по мечот влезе во остар конфликт со новинарите.

Грифоне водеа со 1:0 на силниот дожд во саботата, пред мечот да биде прекинат на 15 минути поради дожд, по што Наполи се врати со 1:2 победа. Утрасите на Џенова го остварија ветувањето и протестираа против претседателот Прециозни со суров банер на кој пишуваше: „Прециози, еден ден ти ќе умреш, но Џенова никогаш нема да умре“.

Навивачите се лути што претседателот го отпушти популарниот тренер Давиде Балардини за да го врати Хрватот Иван Јуриќ, кого претходно двапати го отпушти, а резултатите не се подобрија. Кога Јуриќ беше прашан дали зборувал со Прециози, неговата реакција беше неочекувана.

„Какво еб.но прашање е тоа? Не ме прашувајте, мислите дека имам време да се грижам за такви работи? Престанете да ме еб.те, одете кај некој друг“, изјави луто Јуриќ.

Италијанските медиуми тврдат дека наскоро може да дојде и третиот отказ за Јуриќ, со Давиде Никоила, Чезаре Прандели и Клаудио Раниери како можни негови наследници.

Scroll to Top