УФЦ џинот, Жаирзињо Розенстрајк, повторно е кандидат за титулата во тешка категорија, откако во Лас Вегас стигна до нокаут во последната секунда од првата рунда над Бразилецот Аугусто Сакаи, за да заработи бонус од 50.000 долари за надобар потег на вечерта.
Холанѓанецот со потекло од Суринам, покажа дека уште е еден од најмоќните тешкаши на денешницата, соборувајќи го Сакаи со фантастичен удар со десницата, по што следуваа уште неколку удари пред мечот да биде прекинат. Ова беше втор ваков финиш во кариерата на Розенстрајк, кој претходно го победи ветеранот Алистер Оверим на секунда пред крајот на последната рунда.
„Го слушнав тренерот дека има уште 15 секунди, и затоа побрзав и го најдов. Знаев дека е готово“, вели Розенстрајк.
Ова беше импресивен камбек по поразот на поени од Сирил Гане во минатиот меч, и по поразот од актуелниот шампион Френсис Нгану од 2020 со нокаут по само 20 секунди. Тој сега чека шанса а римеч со Нигериецот.