Top Sport

УФЦ сензацијата Чимаев го скрши „Мерцедесот“ кој му го подари чеченскиот лидер

Хамзат Чимаев, шведската УФЦ ѕвезда со чеченско потекло, успеа да го „здроби“ својот „Мерцедес“ кој го доби на подарок од чеченскиот лидер Разман Кадиров.

Чимаев вчера наутро се фотографираше со истиот автомобил, за кој попладнето локалните медиуми објавија дека е уништен по судир со банкина во близината на главниот град на Чеченија, Грозни.

Според руските медиуми, Чимаев го доби на подарок Мерцедесот при средбата со кадиров во јануари, откако претходно му подари сличен автомобил на дагестанската УФЦ легенда Хабиб Нурмагомедов по победата над Конор Мекгрегор во 2018.

Ова е уште еден проблем за Чимаев оваа година, откако предвидениот меч со Британецот Леон Едвардс беше откажан откако тој не успеа да се опорави од корона вирусот. 26-годишниот Чимаев лани ја почна кариерата со три победи за само два месеци.

Scroll to Top