Top Sport

УФЦ сензацијата Чимаев се враќа за дваесет дена, но како борач!

УФЦ сензацијата, Хамзат Чимаев го објави името на својот нов противник само два дена откако имаше триумфален камбек во кафезот, доминирајќи над Ли Џинглијанг на УФЦ 267 во саботата, но овојпат нема да се работи за ММА борба туку меч во борење во слободен стил.

27-годишниот Швеѓанец со чеченско потекло го „задави“ Џинглијанг во првата рунда во неговиот прв меч од септември 2020 за четврата победа во исто толку мечеви. Сега, популарниот „Борз“ ќе има нова борба за неколку недели – против Џек Хермасон во борење слободен стил на „Булдог фајт најт“ на 19 ноември.

По саботната победа, тој ги предизвика Нејт Дијаз и Хорхе Масвидал на борба, велејќи дека е подготвен да ги „убие“ сите во категоријата.

Чеченскиот „ѕвер“ Чимаев се врати со давење за 2 минути: Ќе ги убијам сите!

Scroll to Top