Поранешната УФЦ шапионка Рајчел Остович објавила серија фотографии од Хаваите на кои позира во бикини. Оваа 29-годишна девојка на Инстаграм ја следат 758.000 фанови, а коментари со пофалби не и недостасуваа.
Дел од фановите ја наговараат да отвори „OnlyFans“, но таа таквата можност ја одбива.
„Сите вие чудаци кои ме повикувате на „OF“ како да ми е тоа единствената опција, може да ме бакнете во задникот“ напиша Остович.
Таа работи на враќање во борбите откако во ноември минатата година ја загуби последната борба против Гина Мазани.