Top Sport

УФЦ: Шампионот се враќа – Хабиб-Гетџи на 24 октомври

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт го потврди датумот за враќањето на УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов во октагонот, откако најдобриот во лесна категорија ќе се судри со преодниот шампион Џастин Гетџи на 24 октомври.

Нурмагомедов во април требаше да ја брани титулата во долгоочекуваниот меч со Тони Фергусон, но мораше да направи подолга пауза од борбите, прво поради ограничувањата за движење поради корона вирусот, а потоа по трагичната смрт на неговиот татко и тренер Абдулманап Нурмагомедов, кој почина од компликации токму од истата болест.

Сега, Вајт за „Си-Ен-Ен“ потврди дека „Орелот“ се враќа во борба со Гетџи, човекот кој го „уништи“ Фергусон како замена за него на 24 октомври.

„За него ова беа многу тешки моменти. Татко му беше вистински херој за него, имаа многу блиска врска и секако дека не му беше лесно. Но, сега е време да се размислува за иднината. Хабиб против Гетџи, на 24 октомври“, вели Вајт.

Последниот меч на Нурмагомедов беше победата над Дастин Поаире минатиот септември.

Scroll to Top