Top Sport

УФЦ шефот е заинтересиран за рускиот „шамарџија“ Василиј!

Василиј Хамотискиј вели дека чека покана од шефот на УФЦ, Дејна Вајт за влез во најпопуларната ММА серија, откако самиот Американец изјави дека сака да го пренесува рускиот шампионат во удирање шамари на својот веб-сервис.

Хамотискиј стана ѕвезда низ целиот свет откако стана руски шампион во удирање шамари на необичното натпреварување во неговиот роден Сибир. Фармерот од малото село Иљанскиј во Сибир, неодамна доби брутален нокаут, но тоа не го намали интересот за него и необичната „активност“.

Наместо на Олимпијадите, Шампионатот во шамарање најверојатно оди на УФЦ, откако Вајт изјави дека ги гледал видеата и дека е можно да се направи шоу меѓу натпреварувањата во УФЦ.

„Овие момци се удираат до крај! Човекот во црвено е шампионот и загуби првпат. Мислам да ги поканам на УФЦ, што мислите?“, напиша Вајт.

Русинот иако изјави дека не би влегол во УФЦ кафез бидејќи „тие момци удираат силно и ќе умрам“, сега вели дека е подготвен за предизвик.

Рускиот шампион во „шамарање“ доби шокантен нокаут: Ме стави во кома! (видео)

Scroll to Top