Чанг Сунг Џунг, попознат како „Корејскиот зомби“ стигна до победа на поени над Ден Ајг во главниот меч на УФЦ Фајт Најт во Лас Вегас, откако мораше да се потпре на своите способности како борач за да го неутрализира Иге.
Џунг, еден од најдобрите во перо категорија, има репутација на „луд“ фајтер со силен удар, но против Иге не успеа со ваква стратегија, решавајќи да избегне дуел со удирање, соборувајќи го неколку пати противникот за првпат од 2008 да победи на поени, со 48:47, 49:46, 49:46.
„Сакав да покажам дека имам доволно умешност за да бидам шампион и дека не сум фајтер со еден трик“, изјави Кореецот.
Тој сега има 4-2 скор откако се врати по четиригодишна пауза за да отслужи војска во Јужна Кореја. Сега, тој признава дека очекува борба за титулата, чекајќи го подобриот од дуелот помеѓу Александар Волкановски и Брајан Ортега.