Top Sport

УФЦ: Тони Фергусон и Џастин Гетџи со идентични 70 килограми

Тони Фергусон и Џастин Гетџи имаа идентични 70 килограми на официјалното мерење пред УФЦ 249 во Џексонвил, Флорида овој викенд, каде што популарниот ММА спорт се враќа и покрај корона вирусот во сабота навечер.

Главниот меч на УФЦ 249 требаше да биде пресметката помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Фергусон, но рускиот шампион „заглави“ во изолација во Русија откако се врати од САД по затварањето на неговиот тренинг-центар во Калифорнија. Како замена се појави Гетџи, а шефот на УФЦ, Дејна Вајт обезбеди шоу во Џексонвил, откако Флорида ги постави боречките спортови на листата на „неопходни работници“.

36-годишниот Фергусон во мечот ќе ја брани победничката серија која трае од 2012 од 12 меча, додека 31-годишниот Гетџи има само два порази во 23 меча, а во последниот дуел го победи Доналд Серон.

Овојпат, двајцата фајтери имаа задолжителни тестови на корона вирус, за да осигураат дека не се заразени.

Scroll to Top