Top Sport

Спортски гест – Мбапе сака да ја подели „златната копачка“ со Бен Једер

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе побара и напаѓачот на Монако, Висам Једер да ја добие „златната копачка“ во француската Лига 1, откако двајцата постигнаа по 18 голови во скратената сезона 2019/20, но Лига реши да му ја додели титулата само нему.

По прекинот на шампионатот, Пари Сен-Жермен беше прогласен за шампион трета година едноподруго, бидејќи имаа 12 поени предност пред Марсеј, по што го именуваше Мбапе како најдобар стрелец и покрај тоа што имаше идентичен број на голови како Бен Једер, со објаснување дека три од головите на фудбалерот на Монако биле постигнати од пенал.

Мбапе преку социјалните мрежи побара да му се даде дел од трофејот на Бен Једер, посочувајќи дека во 2018/19 во англиската Премиер лига наградата ја поделија Садио Мане, Мохамед Салах и Пјер-Емерик Обамејанг.

„Благодарам на пораките и честитките. Мислам дека Висам исто така заслужува трофеј, како што направија во Премиер лигата минатата година“, напиша Мбапе на Твитер.

Иако двајцата постигнаа по 18 гола, Мбапе со „златната копачка“ пред Бен Једер!

Scroll to Top