Top Sport

УФЦ: Вајт исфрли фајтер од организацијата по бизарното прекршување на правилата

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт потврди дека германскиот фајтер со мароканско потекло, Отман Азаитар е исфрлен од федерацијата заедно со неговиот тим иако требаше да биде во октагонот на УФЦ 257 овој викенд против Мат Фревола.

Официјално, УФЦ објави дека се работи за прекршување на „протоколот и правилата“.

„Се работи за навистина неверојатна приказна. Тој и неговиот тим ги исекоа своите алки, ги дадоа на некој друг човек, кој потоа ги залепил и се појавил тука со торба. Тој влегол во соба, поминал низ четири балкони и во друга соба оставил торба. Го имаме тоа на камера. Затоа Азаитар веќе не е УФЦ фајтер“, вели Вајт.

30-годишниот Азаитар си заминува од УФЦ со 13 победи во 13 меча.

Scroll to Top