Top Sport

Мурињо: Ливерпул застана на 68, тешко дека некој ќе ги стигне Челси со 86

Жозе Мурињо признава дека ќе треба да се склопи навистина посебен тим за да го сруши неговиот рекорд од 86 домашни натпревари без пораз во Премиер лигата, поставен од Челси од 2004 до 2008 година.

Ливерпул имаше фантастична домашна серија на „Енфилд“ која вчера заврши со 1:0 пораз од Барнли, вклучувајќи 68 натпревари без пораз. Челси, пак, не загубија на „Стемфорд Бриџ“ од февруари 2004 до октомври 2008, низа која покри повеќе од првиот престој на Мурињо во клубот. Аврам Грант беше тренер на Челси кога тие загубија од Ливерпул дома, додека Мурињо првиот домашен пораз во Премиер лигата го имаше во април 2014 од Сандерленд, во вториот период како тренер на клубот.

„Рекордите се тука да се рушат, дури и најневеројатните во многу спортови. Има рекорди кои кога ќе ги погледнеш мислиш дека е невозможно некој да го повтори тоа. Тоа што Ливерпул успеа беше многу тешко за остварување. Нашиот рекорд со Челси останува рекорд и ќе биде тешко да се сруши. Честитки за Ливерпул за серијата“, изјави Мурињо, сега на чело на Тотенхем.

Scroll to Top