Австралискиот фајтер со македонско потекло, Александар Волкановски нема да ја брани УФЦ титулата во перо категорија против Брајан Ортега на УФЦ 260 следниот викенд откако имаше позитивен тест на КОВИД-19 во Лас Вегас, иако беше негативен пред патувањето од Австралија.
„Работевме напорно за овој меч и не ми се верува што се случи. Ги следевме сите протоколи, но тоа не помогна“, вели Волкановски, кој минатата недела пристигнал во Лас Вегас.
На УФЦ 260 главен меч ќе биде пресметката за титулата во тешка категорија помеѓу шампионот Стипе Миочиќ и предизвикувачот Френсис Нгану.
32-годишниот Волкановски (22-1) е шампион од декември 2019 кога го совлада Макс Холовеј на УФЦ 245. Минатиот јули во тежок меч тој повторно го совлада на поени Холовеј. Тој има 9-0 скор во УФЦ и нема пораз од 2013 година.