Австралијците немаа шанси да го видат својот миленик, УФЦ шампионот Роберт Витејкер на домашното УФЦ 234 во Мелбурн откако тој мораше да се откаже од одбраната на титулата во средна категорија поради опасна стомачна повреда, оставајќи го Новозеланѓанецот Израел Адесања како главна ѕвезда на вечерта по неговата победа над легендарниот Андерсон Силва.
Тенискиот храм „Род Лејвер арена“ беше распродаден за мечот на Витејкер протв Американецот Кевин Гастелам, но Австралиецот во саботата навечер беше однесен во болница и опериран по повредата на цревата. За 28-годишниот Витејкер ова е само продолжување на здравствените проблеми – пред 12 месеци тој не ја бранеше титулата поради болест, а во неговиот последен меч во јуни 2018 ја скрши раката.
Без главниот меч, УФЦ реши главна шанса да му даде на Новозеланѓанецот Израел Адесања, кој направи голем чекор кон меч за титула во средната категорија, откако на поени го победи бразилскиот великан Андерсон Силва.
„Ова беше како да играш кошарка против Мајкл Џордан. Толку ми значи оваа победа“, изјави Адесања, кој постојано зборуваше дека 43-годишниот Силва е неговиот најголем УФЦ идол.
Silva nearly decapitated Adesanya. Fun fight pic.twitter.com/LUd1TgEFis
— Ian Wharton (@NFLFilmStudy) February 10, 2019