Владата на Украина им забрани на украинските спортисти да учествуваат на натпревари на кои се присутни претставници на Русија и Белорусија.
Одлуката се однесува на сите натпреварувања, вклучувајќи ги и Олимписките игри во Париз во 2024 година, пренесува Интерфакс Украина.
Министерот Олег Немчинов изјави дека украинската влада донела ваква одлука на предлог на министерот за млади и спорт, претседател на Националниот олимписки комитет Вадим Гуцајт.
Оваа одлука е одговор на новите правила на Меѓународниот олимписки комитет, кои им дозволуваат на спортистите од Русија и Белорусија да учествуваат на натпревари во поединечна конкуренција и под неутрално знаме.