Top Sport

Украинците ќе ги бојкотираат сите спортови каде што ќе има Руси?

Украинскиот министер за спорт, Вадим Гутзеит тврди дека украинските спортисти се подготвени да ги бојкотираат сите спортски настани на кои ќе учествуваат и руски спортисти, дури и тие да се натпреваруваат како неутрални спортисти.

„Ако спортистите од Русија и Белорусија добијат дозвола да настапуваат на некои натпреварувања, украинските спортисти се подготвени да го блокираат тоа и да ги бојкотираат тие спортови. Претставниците од Руската Федерација постојано бараат шанса да се декларираат на интернационалните натпреварувања под неутрално знаме. Ова е неприфатливо. Не смее да им се дозволи такво нешто. Конфликтот веќе однесе животи на над 70 украински спортисти и тренери“, вели Гутзеит.

Руските и белоруските спортисти се забранети од голем број на спортови по советот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) во февруари. Сепак, во одредени индивидуални спортови, како тенисот, им дозволуваат да се натпреваруваат под неутрално знаме.

Повеќе украински спортски легенди побараа исфрлање на руските спортисти од сите натпреварувања, како боксерите Виталиј и Владимир Кличко, фудбалерот Андриј Шевченко и тенисерите Сергиј Стаховски, Андриј Медведев и Александер Долгополов.

Scroll to Top