Украинката Хелен Плоскина доби доживотна суспензија од страна на Единицата за интегритет во тенисот (ТИУ). 22 годишната тенисерка била вмешана во местење на тениски натпревари.
Плоскина чии најдобра пласман во кариерата бил на 698 место на ВТА листата, покрај суспензијата доби и парична казна од 20.000 долари.
Според ТИУ, Плускина во октомври 2016 година една своја колешка убедила да намести меч, а потоа одбила да соработува во истрагата.
Според правилникот на ТИУ секоја особа од тенисот е обврзана да соработува во истражните работи.
Кариерата Плоскина ја завршува на 833 позиција на ВТА листата.