Top Sport

Умбер: Имам шанси да го победам Ѓоковиќ

Младиот француски тенисер Иго Умбер смета дека мечот што ќе го игра во четвртото коло на Вимблдон против Новак Ѓоковиќ е еден од најважните во неговата кариера. 21 годишниот Умбер, вчера во третото коло, лесно се справи со Феликс Оже-Алијасин (6/4, 7/5, 6/3).

Умбер и Ѓоковиќ за пласман во четврт-финалето ќе играат в понеделник, а францускиот тенисер смета дека има шанси да го победи бранителот на трофејот.

„Тоа сигурно ќе биде еден од најзначајните мечеви во мојата кариера. Најпрвин да уживам во победата над Оже-Алијасим, а потоа ќе започнам со подготовките за мечот со Ѓоковиќ. Доколку ја играм мојата игра имам шанси да победам. Доколку не мислам дека можам да победам тогаш нема ниту да излезам на теренот“, заклучил Умбер.

Scroll to Top