Ватерполо репрезентацијата на Унгарија го освои Европа купот. Во финалето на турнирот, што во изминатите три дена се одржуваше во Загреб, Унгарија ја победи Хрватска 10:8 ((2:2, 3:1, 3:2, 2:3).
Најефикасен играч во унгарската репрезентација, со три гола, беше Кристијан Манхерц, а уште седуммина постигнаа по еден гол. Три гола за Хрватска постигна Лорен Фатовиќ.
Бронзениот медал им припадна на Шпанците, тие со 9:7 (3:1, 0:2, 5:3, 1:1) славеа против Италија.
По три гола за Шпанија постигнаа Алберто Мунарис и Блај Маларах.
Петтото место им припадна на Црногорците, а седмото на Грците. Црна Гора ја победи Србија 16:14, а Грција со 15:14 славеше над Русија.