Top Sport

Рафал на Хјустон против Финикс, падна НБА-рекордот (Видео)

Кошаркарите на Хјустон Рокетс ги декласираа Финикс Санс со 149:113 и го поправија својот рекорд, според бројот на постигнати тројки на еден натпревар.

Хјустон против Финикс постигнаа 27 тројки, односно една повеќе од претходниот НБА рекорд, што беше во сопственост на оваа франшиза.

Ракетите ги предводеа Џејмс Харден, кој за 30 минути постигна 30 поени, на кои придодаде 13 скока и девет асистенции, односно Ерик Гордон (26 поени) и Клинт Капела (22 поени, 13 скока).

Кај Финикс се истакна ветеранот Џамал Крафорд кој постигна 27 поени.

Scroll to Top