Top Sport

Унгарија го запре олимпискиот првак, ќе се бори за златото на СП

Унгарија ќе се бори за светската титула во ватерполо, откако во второто полуфинале ја победи Србија со 19:18.

Србите беа на чекор до волшебен пресврт, но не успеаја да се изборат со времето.

На почетокот, адутот на Србија беше во ситуации со играч повеќе, но Унгарците премногу лесно создадоа вишок и лесно погодуваа од чисти ситуации.

Првиот период Унгарија го доби со 6:3, а Србите се вратија целосно во натпреварот во втората четвртина, дури и водеа 7:8, на крајот првиот дел заврши 8:8.

Третата четвртина беше клучна за конечниот исход. Унгарците постигнаа осум, а примија само четири гола. Кога на стартото на последниот период Унгарија дојде до 17:12 се чинеше дека мечот е готов. Но Србија дојде на гол негатива, на 18:17 ударот на Мандиќ заврши во гредата, а потоа во последната минува Вигвари постигна гол за 19:17.

Успеа Србија да возврати преку Чук, но пото немаше време за нешто повеќе.

Мандиќ ја предводеше Србија со пет гола, додека Фекете и Манхерц постигнаа по четири за Унгарците.

Унгарија ќе игра против Шпанија во финалето, додека Србија за бронзениот медал ќе игра против Грција. Натпреварите се на програмата во четврток.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top