Раководните луѓе на УС Опен одлучија да дозволат настап на руските и на белоруските тенисери и тенисерки на годинашното издание на турнирот. Американскиот тениски сојуз (УСТА) сепак постави еден услов.
Сите учесници кои доаѓаат од овие две земји ќе мора да настапат под неутрално знаме. Поради руската инвазија на Украина, руските и белоруските спортисти во изминатиот период се цел на санкции. На Вимблдон нема да им биде дозволено учество, но, сепак, УС Опен нема да направи таква стриктна забрана.
Последниот турнир од гренслем – серијата започнува на 29 август. Титулите од минатата година ги бранат Данил Медведев во машка и Ема Радукану во женска конкуренција.