Top Sport

„Уште две борби и ќе се пензионирам“

Светскиот првак во ВБЦ верзијата Тајсон Фјури објави ќе се пензионира дека откако ќе ги одработи борбите со Дионтеј Вајлдер и Ентони Џошуа.

„Кралот на Циганите“ неодамна во седмата рунда го нокаутираше Вајлдер во Лас Вегас и повторно се врати на светскиот трон, каде прв пат се искачи во 2015 година кога приреди сензација со победата над Владимир Кличко.

Наредниот меч на Фјури ќе биде на 18 јули кога повторно противник ќе му биде Вајлдер. Потоа ќе треба да боксува и против апсолутниот шампион Џошуа.

„Ќе ги одработам тие две борви и толку. Потоа ќе размислувам што ќе правам понатака. Во 31 борба не сум поразен, 12 години сум професионалец, еднаш бев апсолутен шампион кога го победив Кличко. Мислам дека Џошуа само ги чува моите шампиуонски појаси бидејќи јас никогаш не сум ги загубил. Тие појаси се мои, додека некого не победиш во рингот не може да се правиш дека си шампион“, рекол Фјури.

Тој рекол дека откако ќе се пензионира најголема желба му е да отвори боксерку клуб.

Scroll to Top