Top Sport

Тимовите вложија жалба на договорот помеѓу ФИА и Ферари

Врие во Формула 1 на десет дена до почетокот на новата сезона. Претходните денови најчеста тама беше коронавирусот и дали ќе биде одложен почетокот на сезоната, а денес започнаа и внатрешните судири. Седум од десете тима јавно се спротивставија на тајниот договор што го постигнаа ФИА и Ферари во врска со контроверзниот мотор на италијанскиот тим во минатата сезона.

ФИА, во петокот, објави дека постигнале спогодба со Ферари по завршената истрага. Тимовите сметаат дека одлуката за нив е не задоволителна и не разбирлива.

Главниот проблем според нив е тој што ФИА става точка на случајот без да понуди јасен одговор на прашањето дали моторот на Ферари во во одредени делови од сезоната бил легален или не.

ФИА во своето соопштение објави дека истрагата била темелна и дека одредени детали од постигнатиот договор со Ферари остануваа помеѓу двете засегнати страни (ФИА и Ферари).

Исто така се наведува дека ФИА и Ферари се договориле околу техничките обврски што треба да донесе подобрување во надгледувањето на моторите во претстојните сезони.

Мекларен, Мерцедес, Рејсинг поинт, Ред Бул, Рено, Алфа Таури и Вилијамс во заедничко соопштение објавија дека се шокирани од ваквата одлука на ФИА.

Целата приказна со моторот на Ферари започна по летната пауза. Уште тогаш неколку тимови се сомневаа дека нивниот мотор е легален. Дури возачот на Ред Бул Макс Ферстапен овој мото го нарече „измамник“.

Scroll to Top