Умар Нурмагомедов, братучедот и колега на УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов, потпишал договор со УФЦ федерацијата, се пофали Хабиб преку Инстаграм.
Под фотографија на која тој е заедно со Умар и со еден коњ, тој напиша интересна порака.
„Јас, коњ и УФЦ фајтер. Малиот брат Умар Нурмагомедов има многу да докаже, но и јас кога потпишав со УФЦ многумина не веруваа во мене. Мојот тим и моите луѓе беа зад мене. Верувај во Севишниот и напорната работа ќе ти го донесе резултатот. Докажи дека си еден од најдобрите спортисти на светот“, напиша Хабиб.
Умар пристигнува во УФЦ со совршен 12-0 скор, а шест од овие победи се остварени со нокаут. Рускиот шампион во бантам категорија ја освои ГФЦ титулата во последниот меч со давење на претходно непоразениот Аргентинец Брајан Гонзалез во ноември 2019 година.