Руската тенисерка Светлана Кузнецова, освојувачка на САД опен во 2004 година оваа година го откажа настапот на грен слемот во Њујорк поради пандемијата на коронавирусот.
„Поради неповолната ситуација поврзана со коронавирусот донесов тешка одлука да не учествувам на САД опен“ – објави 35-годишната тенисерка на Инстаграм.
Кузнецова која моментно е 32-ра на ВТА листата ќе го пропушти и турнирот во Синсинати.
„Разочарана сум, ги чекав тие турнири, но пандемијата ги поремети сите планови. Се надевам дека ситуацијата во светот ќе стане постабилна за следните натпреварувања“ смета Кузнецова.
Русинката ќе се приклучи на долгата листа со откажувања која ја предводи првата на ВТА листата, Ешли Барти.