Огромно изненадување уште на првиот ден на грен слем тенискиот турнир Вимблдон.
Четвртиот светски тенисер во моментов, Гркот Стефанос Циципас по три сета со 6-4 6-4 и 6-3 загуби по два часа игра од 57-от светски тенисер, Франсис Тиафои од САД.
Во првиот сет Американецот направи брејк уште во воведниот гем, а до крајот на сетот двајцата тенисери беа успешни на свој сервис.
Во вториот сет деветтиот гем беше кобен за грчкиот ас, па уште тогаш се насетуваше дека се подготвува сензација во воведното коло на неофицијалното светско тениско првенство.
Во третиот сет, слично како и во првиот, Тиафоу уште во воведниот гем направи брејк, па Циципас не успеа да ја надомести негативата.
Иако грчкиот тенисер имаше двојно повеќе асови од својот противник, сепак за него турнирот е завршен.
Во второто коло Тиафоу ќе се судри со подобриот од дуелот Карбалес Баена – Поспишил.