Top Sport

Усик: Да ги одбранам титулите и веднаш се враќам во Украина

Шампионот во тешка категорија, Олександер Усик вели дека не свртел грб на својата татковина Украина, и додава дека откако ќе ги одбрани титулите кои му ги одзеде на британскиот ривал Ентони Џошуа следниот месец, ќе се врати дома.

Усик и Џошуа ќе го имаат својот ри-меч на 20 август во Џеда, Саудиска Арабија, откако поранешниот непоразен шампион во крузер категорија, го декласираше Британецот во септември во Лондон. Усик прво се врати во Украина, каде што стана дел од територијалната одбрана.

„Секој ден кога бев таму се молев некој да не се обиде да ме убие. И да не ме натера мене да убијам некого“, призна Усик.

Усик, кој е роден на Крим и пред почетокот на војната во Украина беше обвинуван дека е про-руски настроен, вели дека прави поголема чест на земјата преку боксот, но дека не сакал да ги остави сонародниците.

„Навистина не сакав да си одам од Украина. Сакам да живеам таму и веднаш по мечот се враќам во Украина“, додаде Усик.

Scroll to Top