Носителот на четири шампионски појаси во тешка категорија, Украинецот Олександер Усик го провоцираше својот лут ривал, Тајсон Фјури, нарекувјќи го „стомак“ пред нивниот мега-меч.
Промотерот на Фјури, Френк Ворен, откри дека веќе е пратен договор до тимот на Украинецот, со најавена пресметка во март во Саудиска Арабија за обединување на титулите во тешка категорија првпат по над две децении. Усик со фотографија по пливање се потсмеваше со својот ривал, кој претходно го нарече „боксер од средна категорија“ – Усик освои олимписко злато во тешка категорија, а потоа професионално почна во крузер категорија.
„Боксерот од средна категорија е тука! Каде си ти Стомак? Тајсон Фјури“, напиша 35-годишниот Усик.
The Middleweight is here!🚀
Where are you Belly? @Tyson_Fury pic.twitter.com/zTTcIwDc35— Alexander Usyk (@usykaa) January 10, 2023