Top Sport

Менаџерот на Чарлтон има сезонски билет на Јунајтед: Ќе биде неверојатно да се излезе на „Олд Трафорд“

Третолигашот Чарлтон атлетик вечерва гостува кај Манчестер јунајтед во меч од Карабао купот, меч кој ќе биде посебен не само за фудбалерите на клубот, туку и за нивниот менџер, Дин Холден, поранешен фудбалер на Болтон и цел живот навивач на „ѓаволите“.

43-годишниот Холден, кој е носител на сезонски билет на „Олд Трафорд“, призна дека на трибините ќе биде и неговиот 70-годишен татко Џек, кој го однел на првиот меч на „Олд Трафорд“ во 1991 година.

„Кога ќе излезам од тунелот ќе биде нереално. Сум бил на тие трибини стотина пати последните 35 години, но кога ќе влезам сега ќе бидам фокусиран на мечот. На трибините ќе има 28 членови на моето семејство, сите навивачи на Јунајтед. Сите знаат колку ќе биде важно за мене. И за мојот татко, кој цел живот е ‘црвен’“, вели Холден.

Scroll to Top