Top Sport

Усик „мора“ да боксува со Тајсон Фјури за меч за обединување на титулите

Олександер Усик, ВБА, ВБО и ИБФ шампионот во тешка категорија, има „обврска“ да боксува со Тајсон Фјури во меч за обединување на титулите, тврди неговиот промотр, Александер Красјук.

36-годишниот Украинец ќе ги брани своите титули против Британецот Даниел Дубоа во сабота, откако долгите преговори со Фјури за меч не вродија со плод.

„Наша обврска е да го направиме тој меч. Целиот свет го сака тој меч, не само ние или тие кои се вклучени во боксот. Луѓето кои не знаат ништо за боксот сакаат да гледаат меч за обединување на четирите појаси првпат во оваа ера. Можам да ветам дека ќе направиме што е возможно тоа да се оствари“, вели Красјук.

Усик е непоразен во 20 професионални мечеви, одземајќи му ги титулите во септември 2021, пред да го победи во ри-меч 11 месеци подоцна. 35-годишниот Фјури, пак, има 33 победи и 1 реми од 2008 година, и ќе боксува со поранешниот УФЦ шампион, Френсис Нгану на 28 октомври во Саудиска Арабија.

Scroll to Top