Top Sport

Ал-Итихад подготви рекордна понуда за Мохамед Салах

Саудискиот клуб Ал-Итихад ќе се обиде да го убеди раководството на Ливерпул да ја продаде својата суперѕвезда Мохамед Салах. Клубот од Џеда ќе понуди речиси 100 милиони евра за 31-годишниот Египќанец.

Ако трансферот се оствари, ќе го направи Салах најскапиот фудбалер во историјата на лигата на Саудиска Арабија.

31-годишниот Салах е под договор со Ливерпул уште две години, до летото 2025 година, а моментната вредност на напаѓачот изнесува околу 65 милиони евра.

Scroll to Top