Украинскиот предизвикувач Олександер Усик одбива да даде зелено светло за Ентони Џошуа и Тајсон Фјури да се борат за апсолутната титула во тешка категорија, планирајќи да го предизвика Џошуа за ВБО титулата како прв предизвикувач.
Џошуа, кој е носител на ИБФ, ВБА и ВБО титулите и Фјури, кој го има ВБЦ појасот, лани се договорија за два супер-меча оваа година, но Украинецот смета дека заслужил шанса да се бори за титула и не планира да се откаже.
Усик го победи Дерек Чизора за да стане прв предизвикувач на ВБО федерацијата, откако претходно се откажа од апсолутната титула во крузер категорија и се качи категорија погоре. Ова значи дека Џошуа или треба да боксува со Усик, или треба да се предаде од ВБО титулата.
„Денеска Усик е ВБО предизвикувач и тој не даде согласност Џошуа-Фјури да се случи пред неговиот меч за титулата. Тој е во добра форма и сака меч оваа пролет“, вели неговиот промотер Александер Красјук.
Усик со убедлива победа над Чизора се промовираше во кандидат за титулите