Top Sport

Усик не може да се врати дома за подготовките за римечот со Џошуа

Подготовките на Олександер Усик за одбраната на титулите во тешка категорија против Ентони Џошуа се прекинати, откако боксерот не може да се врати во Украина каде што го поставува својот тренинг-камп.

Усик оваа недела пристигна во Велика Британија за продолжување на преговорите со Џошуа за римечот, кој треба да се оддржи во мај или јуни, иако главните делови за договорот се комплетирани. Главниот проблем е тоа што тој не може да се врати во својата тренинг-база во близината на Киев, каде што тренира од 2018 година.

„Не знам што ќе правиме за римечот, но враќањето во Украина сега е невозможно“, изјави неговиот промотер, Алекс Красјук.

Усик го победи Џошуа убедливо на поени во септември на стадионот на Тотенхем во Лондон, и посакуваше римечот да се оддржи во Киев.

Scroll to Top