Top Sport

Усик: Откако ќе го „суредам“ Тајсон Фјури ќе зборуваме со Вајлдер

Украинскиот ВБА, ИБФ, ИБО и ВБО шампион во тешка категорија, Олександер Усик му прати роденденска порака на Дионтеј Вајлдер велејќи дека сака да се сретне со него во рингот откако ќе го „суреди“ Тајсон Фјури во 2023 година.

Усик по вторпат го совлада Ентони Џошуа на поени во август, бранејќи ги своите шампионски појаси, по што се појави можност за меч за обединување на титулите против ВБЦ шампионот Фјури. Откако „Џипси кинг“ му даде ултиматум на Украинецот за меч, кој потоа истече, можно е двајцата да се сретнат во рингот во првата половина на следната година.

„Бронзениот бомбардер“ Вајлдер, пак, се врати во рингот со нокаут победа над Роберт Хелениус, а Фјури по третпат ќе боксува со Дерек Чизора на 3 декември на стадионот на Тотенхем во Лондон.

Scroll to Top