Top Sport

Усик против Џошуа на Блискиот исток

Реваншот меѓу Александар Усик и Антонио Џошуа најверојатно ќе се одржи на 20. август, изјави промоторот на украинскиот боксер Александар Красјук.

Усик го победи Џошуа во септември минатата година, на стадионот на Тотенхем во Лондон, пред повеќе од 66.000 гледачи, со едногласна одлука на судиите.

Украинскиот боксер со овој триумф ги презеде појасите светски шампиони во тешка категорија на ВБО, ИБФ, ВБА и ИБО.

Красјук истакна дека борбата ќе се одржи некаде „на Блискиот исток“ и додаде дека официјално соопштение со детали за мечот ќе бидат објавени следната недела.

Усик ѝ се придружи на украинската армија во февруари за да учествува во одбраната на земјата. Тој ја напушти Украина во март за да ги започне подготовките за реваншот против Џошуа.

Scroll to Top