Top Sport

Лаказет се врати во Лион

Александар Лаказет го комплетираше трансферот во Олимпик Лион. Напаѓачот пред ет години замина од клубот во Арсенал.

Во францускиот клуб доаѓа без обесштетување, како слободен играч, бидејќи договорот со Арсенал, официјално му истекува на 30.јуни.

31-годишниот фудбалер во 2017 година за 54.000.000 евра се пресели во Арсенал. За „тобџиите“ одигра 206 натпревари и постигна 71 гол.

Со клубот успеа да освои еден ФА Куп во 2020 година.

Францускиот репрезентативец имаше неколку понуди, но реши да се врати дома. Кариерата ја започна во академијата на овој клуб.

Лаказет потпиша тригодишен договор со Лион.

Scroll to Top