Top Sport

Усик сака мечеви со Фјури и Канело пред да се пензионира

ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО шампионот во тешка категорија, Олександер Усик вели дека сака да се сретне со Тајсон Фјури во меч за обединување на титулите, за потоа со „чуден“ меч со шампионот во супер-средна категорија Саул „Канело“ Алварез да стави точка на кариерата со меч на „Олимпискиот стадион“ во Киев.

35-годишниот Украинец ги одбрани титулите со победа на поени против Ентони Џошуа минатиот месец и сака да ја освои и ВБЦ титулата на Фјури. Популарниот „Џипси кинг“ го обвини Усик дека избегнува меч, откако ја одби неговата понуда за меч во декември.

„Можам да имам уште најмногу три меча. Тоа е најреално во мојата форма. Со Фјури, Канело и еден меч за збогување на ‘Олимписки’. Канело кажа дека би сакал таков меч, но мислам дека тоа би било само за заработување пари. Во основа треба само да го победам Фјури и да се пензионирам. Да се обединат титулите е најважно во моментов. Сакам да го декласирам Фјури за да не морам да имам римеч“, вели Усик.

Scroll to Top