Top Sport

ФА ќе го дисциплинира Роналдо за инцидентот со момчето со телефонот против Евертон

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо е обвинет за „неправилно и насилно“ однесување од страна на англиската Фудбалска асоцијација (ФА) по инцидентот со аутистичното момче со телефонот по поразот од Евертон минатата сезона.

По 1:0 поразот на 9 април, Роналдо беше лут на луѓето кои беа собрани околу тунелот, по што му го изби од рака телефонот на младото момче кое се обиде да го фотографира. Англиската полиција реши да му даде само предупредување на Португалецот, иако мајката на момчето најави дека ќе го тужи Роналдо.

„Кристијано Роналдо е обвинет за прекршување на правилото Е3 за инцидентот кој се случи по мечот Евертон-Манчестер јунајтед на 9 април 2022. Однесувањето на фудбалерот по крајот на мечот е оценето како неправилно и/или насилно“, се вели во објавата на ФА.

Scroll to Top