Камару Усман го победи утринава Колби Ковингтон во возвратната борба од УФЦ 268 која се одржа во преполната „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.
Усман славеше по 5 рунди со одлука на судиите и го одбрани појасот во велтер категорија.
Ковингтон двапати завршуваше на подот, но сепак ја издржа докрај борбата.
Усман стигна до 15-тата победа во низа и ја продолжи одличната низа на триумфи, па дојде само на чекор до рекордот на Андерсон Силва кој своевремено броеше до 16 победи во низа.
Џастин Гетџи и Мајкл Чендлер според многумина беа кандидати за главна борба на вечерта, но тие отидоа чекор понатаму, имаа најдобар меч годинава.
Чендлер загуби вторпат во низа.