Узбекистанскиот ММА борач, Џамшид Кенџаев е убиен од обезбедувањето на една дискотека во Ташкент, а виралното видео на Јутјуб ја покажува конфронтацијата пред ноќниот клуб.
Според локалните медиуми, 25-годишниот Кенџаев бил постојан гостин на ноќниот клуб „Аурум 898“, но во ноќта на нападот, на вратите имало смена на обезбедувањето, кое по расправијата влегло во безмилосна пресметка, која завршила со вадење на ножеви. Според обезбедувањето, Кенџаев се обидел да внесе нож во ноќниот клуб.
Џамшид Кенџаев е поранешен борач во слободен стил, а има учествувано и на Азиските игри.
Предупредување, видеото е вознемирувачко.