Top Sport

Ужасни сцени на ЕП – Холанѓанка остана без свест

Вистинска драма се случи на женската трка на 3.000 метри на Европското првенство во сала во Апелдорн, Холандија.

Домашната натпреварувачка Морин Костер (32) изгубила свест, откако доживеа незгоден пад, па со главата удри во подлогата.

Еден од натпреварувачите ја турна одзади.

Трката продолжи, додека таа беше изнесена од патеката.

Според првичните информации, Костер се чувствува добро и покрај тоа што на носилки ја напупти патеката.

Scroll to Top