Светската анти-допинг агенција (ВАДА), направи ревизија на супстанци кои нема да бидат дозволени во спортовите над кои има надлежност ова тело – марихуаната остана на листата на забранети супстанци, додека опијатот трамадол е додаден на „црната“ листа.
ВАДА одлучи да преиспита дали да дозволи употреба на „ТХЦ“, психоактивна состојка во канабисот, откако се најде во центарот на вниманието на светската спортска јавност во 2021 година.
Тогаш американската спринтерка Ша’Кара Ричардсон доби забрана за настап на Олимпијадата во Токио бидејќи беше позитивна на „ТХЦ“.
Атлетичарката доби едномесечна суспензија, со што практично остана без можност да се бори за олимписки медал на траката на 100 метри, на која ќе беше еден од фаворитите.
Агенцијата ангажирала експерти кои интервјуирале спортисти кои користат марихуана, но извештајот на експертот на крајот заклучил дека „употребата на канабис е во конфликт со спортскиот дух“.
На состанокот што го одржа ВАДА во Сиднеј, беше одлучено од 2024 година и трамадолот да се најде на листата на забранети супстанции.