Затишје во случајот со двата позитивни допинг теста на Јаник Синер. Одлуката на Судот за спортска арбитража (CAS) по жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) е одложена за после февруари, но тоа не значи дека ќе биде забошотена.
„Кога беше донесена првата одлука, беше пресудено дека тоа не е одговорност на Синер“, потсетува Оливие Нигли, директор на ВАДА, дека првата казна е донесена врз основа на изјавата на самиот Италијанец дека забранетата супстанца влегла во неговото тело и дека одоговорноста за тоа е на неговиот физиотерапевт.
„Но нашиот став е поинаков. Ние веруваме дека одговорноста на играчот се протега и на луѓето околу него. Значи на ова се темели нашата жалба до Судот за спортска арбитража. Не оспоруваме дека е можна контаминација, но сметаме дека постапката не е водена според законот“.
Нигли се согласува дека името на спортистот, како што е Јаник Синер, не смее да биде изложено на злоупотреба.
„Лично мислам дека заштитата на угледот на спортистот е наша прва грижа. Живееме во свет на социјални мрежи и сечиј углед може да биде уништен за многу кратко време“, ја пренесува неговата изјава Еуроспорт.
ВАДА побара суспензија за Синер од една до две години.