Дионтеј Вајлдер сензационално го нокаутираше Доминик Брезил во првата рунда за да ја одбрани својата ВБЦ титула во тешка категорија во Њујорк.
33-годишниот Вајлдер го „смачка“ својот американски сонародник на 43 секунди пред крајот на рундата, со што по 42 меча има 41 победа и едно реми (во претходниот меч со Тајсон Фјури). Брезил имаше само еден вистински удар во мечот, а по победата во рингот влезе и Кубанецот Луис Ортиз, иако Вајлдер изјави дека е подготвен за меч со Британците Фјури и Ентони Џошуа.
„Големите мечеви ќе дојдат. Го ризикуваме животот во рингот, така што ќе ги надминеме сите несогласувања“, изјави Вајлдер.
За 33-годишниот Брезил ова е само втор пораз во кариерата, откако во 2016 година загуби токму од Џошуа.
TO THIS DAY!
KO by Deontay Wilder! pic.twitter.com/166xo08nQu
— Shaun King (@shaunking) May 19, 2019
Lmaooo look at what Deontay Wilder did to this man’s jaw ??
— Pablo Escobarner (blue check) (@PabloEscobarner) May 19, 2019