Top Sport

Коронавирусот ги затвори трибините на стадионите во Италија

Серија А донесе одлука, шест натпревари од претстојното 26 коло ќе се играат пред празни трибини поради коронавирусот. Тоа значи дека најголемото италијанско дерби Јувентус-Интер, кое може да реши многу прашања околу шампионската трка, ќе се игра пред празни трибини.

Покрај на натпреварот во Торино, трибините за навивачите ќе бидат затворени и на натпреварите Удинезе-Фиорентина во Удине, Милан-Џенова на „Сан Сиро“, Парма-СПАЛ на „Енио Тардини“, Сасуоло-Бреша во Реџо Емилија и Сампдорија-Верона во Џенова.

Тоа значи дека навивачите ќе можат во живо да ги гледаат натпреварите што се играат во јужниот дел на Италија: Наполи-Торино, Лече-Аталанта, Лацио-Болоња и Калјари-Рома.

Одлуката стадионите да бидат затворени за навивачите проади коронавирусот е донесена на барање на Серија А. Истата ја поддржале премиерот на Италија Џузепе Конте и министерот за спорт Виченцо Спадафора.

Исто така без публика ќе се игра и реванш мечот во Лига Европа помеѓу Интер и Лудогорец.

Scroll to Top